Секој што соработува со нереформираната ДУИ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ЗНАМ.
Секој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ За движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ова движење, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Никола Мемов. Kanal5
За идните случувања во владината коалиција Движењето ЗНАМ за Наша Македонија смета дека тоа прашање е во надлежност на Претседателот на Владата г-нот Христијан Мицкоски – рече Мемов.
На прашањето дали овие ставови значат дека ЗНАМ ќе побара изземање на Таравари од владиниот состав, Мемов одговори: – Нашиот став е многу јасен, заклучокот број два вели: Секој којшто соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ. Plusinfo