По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти МВР, денеска во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на богослужбата, во центарот на град Скопје односно улиците околу Соборниот храм, по потреба, за сообраќај ќе бидат затворени: бул.„Партизански Одреди” од крстосница со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосница со бул.„ВМРО”, бул.„Св. Климент Охридски” од крстосница со бул.„Илинден” до крстосница со ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул.„9-ти Мај” до кружна крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.