Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи на можноста за укинување на притворот за Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко Петрол“, но под услов – да плати милионски износ и да му бидат одредени строги мерки на претпазливост. Denesen
Сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, Асмир Јахоски, понудил кауција вредна 2 милиони евра за да излезе од притвор, дознава порталот од извори во правосудниот систем. Plusinfo
Понуди 2,15 милиони евра во пари и недвижности, но кривичниот суд одлучи да го остави Асмир Јахоски во притвор во Шутка.
Иако и обвинителството ја прифати понудата на Јахоски, па дури и издаде соопштение до јавноста дека истрагате е при крај и сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на ДУИ не може да влијае на неа- судот сметаше дека барањето за замена на притвор со мерки на обезбедување е неосновано и не држи за бизнисменот осомничен за перење на пари. Telma
Изворите тврдат дека откако шефот на Обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази, дало мислење дека Јахоски треба да се брани од слобода и ќе биде донесена конечна одлука.
Абази, кој во 2022 година беше избран за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, често е поврзуван со блискост до функционери на ДУИ. Plusinfo