Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Никола Додов изјави за ТВ 21 дека во Фондот се во тек околу 60 активни постапки, а над 82 компании се со неправилности.
„Во однос на ревизијата, досега активни предмети се околу 60, минатата недела имавме нови 17, а од пред месец дена што се вршат подготовки и примени, некаде ќе стигнат над 80 компании каде што има неправилности, и каде што Комитетот одлучил дека они не ги исполниле ниту обврските, ниту проектните активности, ниту пак го испочитувале буџетот кои самите го презентирале“, вели Додов.