Димитровска, вчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, кој одлучувајќи по предлогот на Обвинителство, и определи мерки за претпазливост и забрана за преземање на одредени работни активности, откако претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за уште три лица во рамки на предметот „Адитив“.
Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата во Собранието беше изгласан на 22 декември 2023 година со 97 гласа „за“, а свечена заклетва членовите дадоа на 8 февруари минатата година. Press24
По информацијата дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, е осомничена во предметот „Адитив“ за оддавање службени информации, од Комисијата информираат дека во рамки на своите надлежности продолжуваат да функционираат редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. 360stepeni
„Во случај на спреченост на претседателот на Државната комисија, Државната комисија ја претставува и застапува заменик-претседателот, избран согласно одредбите од законот“ Во истиот закон уредено е и под кои услови се разрешува претседател и член на државната комисија за спречување на корупцијата.
Процесот се води во Собранието, по предлог на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата. Sitel