Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на претпазливост за две лица - едно службено лице вработено во Подружница ТЕЦ Неготино и за актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, определи Судот, постапувајќи по предлог на Обвинителството во продолжената акција за предметот „Адитив“.
Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети.
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство ГОКК за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против три лица, поврзани со продолжување на акцијата, од обвинителството означена како „Адитив“, по нивно произнесување во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител.