Украдено возило во сопственост на Армијата кое било оставено кај автомеханичар, информираа од полицијата.
Вчера во 08.40 часот во СВР Скопје, С.А. пријавил дека во текот на ноќта на 27/28.04.2025 од неговиот автосервис на подрачјето на Гази Баба било одземено товарно возило „ивеко дејли–фургон“, сопственост на АРМ, а кое било оставено за сервисирање, како и регистарски таблички од патничко возило „мазда“ кое било оставено на сервис.