Ве известуваме дека на 29 и 30 април, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Denesen
„Претседателот Мицкоски ќе има свое обраќање пред пленарната сесија, но предвидовме и многу средби.
Ќе се сретнеме со новиот канцелар на Австрија, господинот Стокер, со лидерот на албанската опозиција Периша, со лидерот на СНС Вучевиќ, со претседателот на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент Мекалис. Skopjeinfo
Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија. Kanal5
Како дел од делегацијата предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, два дена сме на Конгресот на Европската народна партија во Валенсија. Skopjeinfo