Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на 46-тата собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски, инфомираше дека министерот Тошковски ќе ги прими на средба семејствата на настараданите во пожарот.
Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани претходно пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада. Civilmedia
Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај.
Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите. Fokus
Средбата на Тошковски со семејствата на настраданите продолжува без присуство на медиумите.
Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, денеска од пред Обвинителство, продолжи пред Собрание. Novamakedonija