Од Народната банка денеска соопштија дека на средбата акцентот бил ставен на идните развојни политики за зелена финансиска вклученост, чија цел е да се поттикне приватниот сектор да понуди услуги и да преземе активности што се насочени кон градење отпорност на потенцијалните ефекти од промените на климата.
Гувернерката во разговорот истакнала дека Народната банка воспостави стратегиски пристап кон зелените финансии преку подготовка на првата Стратегија за поттикнување на зелените финансии, што вклучува повеќе активности за намалување на климатските ризици и поддршка на одржливиот развој. Nezavisen