Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа што, според оваа партија, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бранејќи ја една од точките поради која што е поднесена интерпелација против него во Собранието, рече дека непотребно се истура бесот и гневот над полицијата за неукажување на помош од нивна страна за време на трагедијата во Кочани.