Една недела откако ОЈО ГОКК ја стави на листата на осомничени со кои е проширена истрагата за случајот „Адитив“, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска испрати писмено соопштение до медиумите во кое по првпат се произнесе за случајот.
Државната комисија за спречување на корупцијата ја уверува јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото.
Следејќи ги последните случувања, Државната комисија би сакала да ја увери јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото, се вели во соопштението од ДСКС.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата.