Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) го чествува Први Мај, Денот на трудот, со алармантен сигнал за несигурните услови за работа во кои се наоѓаат новинарите и медиумските работници во земјава.
Денот на трудот, 1 Мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го одбележува со предупредување дека новинарите и медиумските работници во Македонија работат во услови на прекаријат каде што само една третина од вработените во медиумите, околу 700 од 2.100, се покриени со колективен договор.