Во рамки на работната посета на Јапонија, владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Токио оствари средба со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO). Досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји беа во фокусот на средбата. Skopjeinfo