На денешен ден пред 45 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година.
Пред 45 години на денешен ден, на 4 мај 1980 година, почина Јосип Броз Тито (88), претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните.