Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив.
Со молк и високо кренати фотографии од своите загинати деца, мајките од Кочани чии деца настрадаа во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани побараа правда за пожарот во кој загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.
Семејствата на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата за средба со премиерот Христијан Мицкоски, која беше закажана за 13 мај во Скопје.