Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, кој сега е дел од Советот за безбедност на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, смета дека ваквото назначување ќе биде грешка на премиерот Христијан Мицкоски.„Би била голема грешка на премиерот Мицкоски, доколку, толку успешната гувернерка на НБМ, Анита Ангеловска Бежоска, ја замени со Зоран Ставрески, кој е познат како десна рака на Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, потоа негов заменик.Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот “Скопје 2014″ се потрошија една милјарда евра, пари на народот и ” кога немавме леб купувавме чоколади”.Ставрески од Индија во Македонија го донесе злогласниот и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој.