„Манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, повеќе од 5 децении се одржува во вечниот Рим, каде што во црквата „Сан Клементе“ бил погребан Свети Кирил, еден од најголемите просветители и духовни столбови на словенскиот свет.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре (23 и 24 мај) престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена од претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод чествувањето на денот на светите браќа Кирил и Методиј.