Не може да се зборува за ратификација на меѓународен договор кога во македонската верзија стои дека станува збор за договор меѓу двете влади, додека во англиската е користен терминот „arrangement“, односно спогодба, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница.
Се појави недоумици што претставува документот потпишан со Велика Британија, кој е на дневен ред на пленарна седница на Собранието – дали е меѓународен договор или спогодба.