Здружението на инженери бара сметките за електрична енергија да се издаваат само врз основа на фактички измерени податоци од броилата за електрична енергија.
Тие бараат бришење на член 31 од Правилата за снабдување, кој овозможува издавање сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не на фактичка потрошувачка на електрична енергија, и нагласуваат дека новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно ја регулира обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија врз основа на фактичката потрошувачка.„Со новата петиција упатена до Регулаторната комисија за енергетика, покажавме дека оваа одредба повеќе нема законска основа, бидејќи регулира прашање кое сега е јасно дефинирано во Законот, и тоа на поинаков начин.