Претставници на седум независни листи ширум земјава денес пред Собранието јавно ги потсетија пратениците дека треба да го послушаат Уставниот суд и итно да донесат измени на Изборниот законик со кои ќе им биде овозможено учество на претстојните локални избори . Откога Уставниот суд го укина членот од изборниот законик со кој прагот за собирање потписи за независни листи беше кренат на 1%, независните бараат измени со кои ќе биде дозволено да предложат кандидати со педесетина потписи. Brif
Бидејќи законодавецот најави дека во јули месец ќе ги распишат изборите, значи дека ни останува едвај еден месец за измените“, рече Јана Белчева од граѓанската организација „Шанса за Центар“.
Барањето да им биде дозволено да предложат кандидати со 50 потписи го испратиле до Собранието, до координаторите на пратеничките на сите пратенички групи, до Министерството за правда и до Државната изборна комисија. Skopjeinfo