Ќе им се понудат индивидуални планови за развој преку кои ќе добијат насока, поддршка и реална можност за вработување.
Целта е луѓето сами да се извлечат од сиромаштијата и да бидат економски независни – рече Велковски. Lider
„Ќе се одржуваат обуки на луѓето кои ќе се пријават на огласот, тоа ќе бидат кратки обуки кои ќе нудат вештини во траење од 3 месеци, секој од тие што ќе бидат пријавени на овие обуки ќе добие 12.000 денари месечно“, вели Весна Јаневска.
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски рече дека на младите активно ќе им се помага да најдат работно место во државава. Mk
Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, рече дека Оперативниот план 2025 опфаќа и стимулативни мерки за маргинализираните категории граѓани, како приматели на гарантирана минимална помош, лица со инвалидност, жени Ромки, жртви на семејно насилство.
„Тенденцијата на Владата е да се намали бројот на невработени и преку овие мерки може да го постигнеме тој ефект многу побрзо и поефикасно. Opserver
Чекаме решение од Комисијата за заштита на конкуренција која е надлежна да донесе решение доколку некоја од активните мерки се коси со законот и кога ќе го добиеме ќе почнеме со реализација“ соопшти Бељули.
Како што рече, влијанието и ефикасноста на мерките ќе се следи преку индикатори на реализација кои се дефинирани во секоја одделна мерка во самиот Оперативен план. Opserver