Денеска пред пратениците во рамки на 51. седница на Собранието е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2024 година.
Во Извештајот се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршил избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврдил нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на дисциплински мерки, ги разгледал и оценил тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите, донел одлуки за времено упатување на судии од еден во друг суд, извршил работни посети во судовите со цел констатирање на одредени состојби и вршел и други работи во рамки на својата надлежност утврдени со закон.