Европа има шанса да исправи историска неправда – порача премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи да се изгласа Извештајот за Македонија во Европскиот Парламент со текстот кој го подготви известувачот Томас Вајц.
Работната верзија од Извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е, важна, значајна, бидејќи, првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање.