27 ЗЕМЈОДЕЛЦИ ИЗМАМЕНИ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 140.000 ЕВРА Масовна измама во Пелагонија со откуп на жито Како што информира МВР, првопријавениот Д.Н. (30) од село Долно Оризари, како управител во двете правни лица, заедно со второпријавениот П.Н. (57) од село Путурус, сопственик на истите фирми, во текот на 2023 и 2024 година убедувале земјоделци од Пелагонија да им ја предадат својата жетва со ветување дека ќе бидат исплатени во договорен рок. фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV Основното јавно обвинителство Битола отвори предистражна постапка против две физички и две правни лица по кривична пријава поднесена од СВР Битола. Plusinfo