Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на статистичката конференцијата „25 години родови податоци“ којашто се одржа во организација на Државниот завод за статистика, во партнерство со канцеларијата на UN Women и амбасадата на Кралството Шведска во земјава.
Да продолжиме да инвестираме во родовите статистики, да го зајакнеме меѓуинституционалниот дијалог, да изградиме систем на податоци кои не само што ќе информираат, туку и ќе трансформираат, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика.