Работиме проекти кои беа заглавени и истите целосно ги придвиживме во изминатата година, истакна, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, анализирајќи што е направено на инфраструктурен план во првата година од мандатот на Владата.
“Охрид – Кичево беше проект од кој практично сите беа откажани, сега веќе се гледа крајот таму, браната Отиња, односно вештачкото езеро во Источна Македонија, беше нешто што одеше тешко, сега го одглавивме, Прилеп-Градско првата фаза веќе ја пуштивме во употреба, втората е пред завршување, тука се коридорите 8 и 10д, односно Тетово-Гостивар, Гостивар – Букојчани, Прилеп-Битола автопатите каде што немаше никакви активности, така што имаме една сериозна инвестициска активност.