Посетата се реализира на покана на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мурат Нуртлеу.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Нуртлеу, со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев, како и со гувернерот на Меѓународниот финансиски центар на Астана, Ренат Бектуров. Press24
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во работна посета на Астана. Alfa
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, денеска престојува во работна посета на Астана, Република Казахстан, чиј фокус е на унапредување на економските и политичките односи помеѓу двете земји Во рамки на посетата, министерот Мучунски, заедно со директорот на Технолошко-индустриските зони, Гоце Димовски, и националниот координатор за туризам, Акан Махмуд, учествувал на тркалезна маса организирана од Меѓународниот финансиски центар Астана. Sitel