Одбележувањето на 250-годишнината од Армијата на САД, со долгоочекуваната воена парада на претседателот Доналд Трамп, која се совпадна со 79-тиот роденден на претседателот, вчера се одржа низ улиците на центарот на Вашингтон, додека истовремено во многу делови од државата се случуваа протести и насилство.
Со силен и театарски настап, Доналд Трамп повторно го сврте вниманието кон себе – овој пат преку грандиозна воена парада во Вашингтон по повод 250 години од основањето на американската армија.