„По стапките на Зоран Заев, Венко Филипче од сред Грција ја кодоши и напаѓа Македонија“ реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на првиот човек на СДСМ – Венко Филипче дадени во Атина.
Тоа е добар пример кога две соседни земји ќе можат да седнат заедно и ќе решат многу прашања, посочи претседателот на СДСМ Венко Филипче за време на неговото учество на Втората меѓународна конференција во Атина во организација на Институтот „Алексис Ципрас“, јави дописничката на МИА од Атина.
„Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми директно на Заев, а кои имаат тесна врска со Венко Филипче.
Додека Заеви заработувале милиони, Филипче имал лично профит од 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.