На средбата се разговараше за досегашната билатерална соработка помеѓу двете сојузнички НАТО армии и можностите за понатамошно унапредување на истата, преку конкретни активности од заемен интерес (обука и вежби, размена на искуства и користење на капацитетите за обука). Притоа беше констатирано дека билатералната меѓуармиска соработка, која во континуитет е на високо ниво, придонесува кон безбедноста и стабилноста во регионот.
За време на официјалниот состанок, делегацијата од ВС на Унгарија беше запознаена со процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Република Северна Македонија, структурата на специјалните сили, билатералната соработка помеѓу специјалните сили и капацитетите на АП„Криволак“. Zoom
Висока делегација на Вооружените сили на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди, е во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.
Од Генералштабот на Армијата информираат дека генералот Беренди, по денешниот пречек со високи воени почести во Кампот за обука на вода во Охрид, ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Sitel
По завршување на вежбата генералите истакнаа дека со оваа заедничка обука, покрај зајакнување на интероперабилноста се зајакнува и меѓусебното пријателство.
Поддршката за време на природни непогоди, како и учеството на припадници на воениот оркестар на ВС на Унгарија на концертот кој традиционално се изведува неколку години во пресрет на Нова година, дополнително го зајакнува силното партнерство и соработка. Tocka
За време на официјалниот состанок, делегацијата од ВС на Унгарија беше запознаена со процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Македонија, структурата на специјалните сили, билатералната соработка помеѓу специјалните сили и капацитетите на АП „Криволак“.
Во рамки на заедничката обука со специјалните сили на ВС на Унгарија беше изведена методско-показна вежба „Препад на пловен објект и командно место“, како и тактичко-технички збор на кој беше прикажана дел од опремата која се користи за време на обуката. Alfa
Унапредување на билатералната воена соработка меѓу македонската и унгарската армија, процесот на трансформација и модернизација на Армијата и соработката меѓу специјалните сили на двете држави се во фокусот на разговорите на началниците на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-мајор Сaшко Лафчиски и на Генералштабот на вооружените сили на Унгарија, генерал Габор Беренди. Sitel