Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Во рамките на официјалната посета на Република Италија од делегација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, предводена од директорот Петар Богојески, во Рим беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу македонската и италијанската Национална агенција, предводена од директорката д-р Федерика Целестини Кампанари.
Овој стратешки документ претставува темел за унапредување на билатералната соработка во областите на образованието, науката, младите, спортот и културата, со што се отвораат нови перспективи за директна поддршка на македонските универзитети, училишта, младински организации и компании преку европски фондови од Брисел, чии финансиски капацитети се значително повисоки од оние кои се достапни преку националните програми.