Со национално спортско признание за врвни достигнувања во спортот се стекнаа: - фудбал: Горан Пандев (европски шампион – ЛШ со Интер, 2010), Дарко Панчев (европски шампион - ЛШ со Црвена Звезда, светски шампион -Интерконтинентален куп, 1991), Илија Најдоски (европски шампион - ЛШ со Црвена Звезда, светски шампион -Интерконтинентален куп, 1991) - кошарка: Петар Наумоски (европски шампион – титула во Евролига со југопластика, 1990 и 1991), Перо Антиќ (европски шампион – титула во Евролига со Олимпијакос - 2012, 2013, Фенербахче - 2017) - ракомет: Кирил Лазаров (најдобар стрелец рекордер на СП 2009 и на ЕП 2012, европски шампион -титула во ЛШ со Барселона 2015, светски клупски шампион -Супер Глоб со Барселона 2013, 2014, 2017), Стојанче Стоилов (европски шампион – титула во ЛШ со Вардар 2017, 2019), Владо Недановски (европски шампион – титула во ЛШ со Вардар 2017, 2019), Петар Ангелов (европски шанмпион – титула во ЛШ со Вардар 2017), Марко Кизиќ (европски шампион, титула во ЛШ со Вардар 2017, 2019) Марко Мишевски (европски шампион – титула во ЛШ со Вардар 2019), Мартин Поповски (европски шампион – титула во ЛШ со Вардар 2017, 2019), Валентина Радуловиќ (европска шампионка – титула во ЛШ со Шлагелсе 2004, 2005), Елена Ѓорѓиевска (европска шампионка – титула во ЛШ со Будуќност 2012) Индира Кастратовиќ (стрелец рекордер на СП 1997, европска шампионка - титула во ЛШ со Кометал ЃП 2002), Гордана Нацева (европска шампионка - титула во ЛШ со Кометал ЃП 2002), Мирјана Чупиќ (европска шампионка - титула во ЛШ со Кометал ЃП 2002), Милева Велкова (европска шампионка - титула во ЛШ со Кометал ЃП 2002), Анжела Платон (европска шампионка - титула во ЛШ со Кометал ЃП 2002), Лариса Кисељова (европска шампионка - титула во ЛШ со Кометал ЃП 2002), Елена Златановска Муратовска (европска шампионка - титула во ЛШ со Кометал ЃП 2002), Клара Боева (европска шампионка - титула во ЛШ со Кометал ЃП 2002), соопштуваат од Владата. Kanal5