1 (40) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Oct 14:15 -> 13-Oct 19:57
.
.
.
.

Бектеши: Уставните судии треба да внимаваат кога носат сензитивни одлуки кои предизвикуваат тензии

  • ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија за реформи во јавната администрација, која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

  • ДУИ се мобилизира за протести, владата подготвена да ги пресретне обидите за дестабилизација, вели премиерот

  • Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија

Поранешниот министер за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши, не сака да го коментира образложението на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа.

Обиди за дестабилизација имало и ќе има, бидејќи Демократската унија за интеграција не може да излезе со некој предлог за реформа во правосудството или економијата, лутајќи на патот од зелената трансформација до повторно милитантите, туку единственото нешто кое што мислат дека можат е да мобилизираат и злоупотребат луѓе на национални теми, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали постои реален страв кај граѓаните за евентуална дестабилизација од страна на ДУИ по укинувањето на „балансерот“.

Премиерот Мицкоски смета дека обиди за детабилизација има и ќе има, но дека владата е подготвена да ги пресретне.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по „балансерот“, одговори дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.

4 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Oct 12:43 -> 13-Oct 16:10
.
.
.
.

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со лажни ветувања ја заглави Македонија

  • Филипче: СДСМ нема да биде параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

На традиционалниот собир во прилепско с. Селце, по повод 11 Октомври, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред пред граѓаните и испрати јасни пораки за актуелната политичка состојба во Македонија и заложбите на СДСМ за иднината на земјата.

СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ и нема да ја кочи иднината на земјата и граѓаните за своја политичка корист но нема да биде параван на пропаднатите политики на Мицкоски, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на народниот собир во с. Селце, Прилеп, кој традиционално се одржува по повод Денот на народното востание, 11 Октомври.

6 (31) ■ вести ■ 12-Oct 09:37 -> 13-Oct 17:06
.
.
.
.

Ѓоковиќ откри дали ќе игра следната година, па порача: Ова беше една од најлошите години

  • Синер и Ѓоковиќ во финалето на мастерсот во Шангај

  • Ѓоковиќ ќе игра за јубилејна 100. титула во сингл во кариерата!

  • Ѓоковиќ: Синер беше пресилен за мене, честитки за титулата!

Србинот Новак Ѓоковиќ беше на чекор до освојување на 100. титула во кариерата, но во финалето на Мастерсот 1000 во Шангај беше поразен од Италијанецот Јаник Синер со 2:0 (7-6 (1) и 6-3. По поразот во финалето, Ноле одржа прес-конференција и го анализираше својот настап на турнирот: - Мислам дека има некои позитивни работи што можам да ги извлечам.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе играат во утрешното машко финале на Мастерс турнирот во кинескиот град Шангај.

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да дојде до финалето на мастерс-турнирот во Шангај, Кина, на кој се врати по пет години, а ќе игра за јубилеен трофеј.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му го честиташе успехот на неговиот ривал Јаник Синер, кој славеше во финалето на мастерсот во Шангај со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-3. Ѓоковиќ даваше голем отпор, но едноставно Синер ги искористи своите шанси и стигна до четврта победа на последните пет меча против Србинот.

9 (24) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 12-Oct 18:07 -> 13-Oct 12:04
.
.
.
.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска

  • Во Охрид почина Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска

  • На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска, информираат од Кабинетот на Претседателката.

Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска почина денеска во Охрид, каде учестувуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија, информираат од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

На Школата за млади лидери во Охрид денеска ненадејно почина Алекс Алмонд, поранешен шкотски премиер, откако му се слошило за време на ручекот.

Повеќе од
оваа категорија

67 (4) ■ спорт > фудбал ■ 13-Oct 11:31 -> 13-Oct 14:45
.
.
.
.

ВИДЕО: Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македониј

  • 31 година репрезентација: Денот кога фудбалерите гордо ја отслушаа „Денес над Македонија“

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.

На 13 октомври, 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот фудбалски меч по осамостојувањето и во историски дуел со убедливи 4-1 славеше над домаќинот . Предводена од легендарниот селектор Андон Дончевски, генерацијата на Дарко Панчев, Илија Најдоски, , Чеде Јаневски, Зоран Бошковски пред околу 3.000 гледачи го одигра првиот фудбалски танц под национално знаме, стоеше гордо на македонската химна и дојде до првата победа.