Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова е подготвена да се сретне со бугарскиот премиер Росен Желјазков на Самитот на НАТО во Хаг ако има таква подготвеност и од другата страна.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека до моментов нема потврда дека ќе има средба на македонска и бугарска делегација на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, овој месец, но напомена дека деновиве лично ќе стапи во контакт со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за да се информира дали има одговор од другата страна.
Printscreen / Youtube / Влада Премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема да присустува на престојниот Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
До денеска нема потврда дека ќе има средба на македонска и бугарска делегација на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, овој месец, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.– До овој момент таква потврда немам, но планирам деновиве лично да се слушнам со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта за тоа дали има некаков одговор од другата страна, бидејќи тоа беше негова идеја, ние ја прифативме без резерва – рече Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во Владата.