Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се постигне напредок и во кои делови тоа може да се реализира.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска е домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере, која престојува во работна посета на Македонија.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се сретна со неговата данска колешка Мари Бјере, во пресрет на данското претседателство со Советот на ЕУ. Разговорите се фокусираа на проширувањето на Европската Унија, Планот за раст, реформските приоритети на нашата држава и унапредувањето на билатералната соработка.
Во време кога процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се нашата заштита.