За мене претставува посебна чест и задоволство еве и да сум јас присутен на овој настан заедно и со министерот и заменик-претседател на Владата Николовски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.
Тие кажаа речиси сè, она коешто јас би сакал да го додадам е дека покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам дека во моментот со завршување на вториот повик за аплицирање на проекти коишто ќе ги финансираме од државниот буџет, а се однесуваат на единиците на локална самоуправа, општините, плус оние коишто беа од првиот повик вкупно ќе имаме околу 1.200 градилишта, нешто што не се случило никогаш до сега во независна Македонија, одеднаш на 1.200 точки да се работи нешто, што е многу важно, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на пуштањето на реконструираниот пат Понов мост – Богданци.