Ќе се зголеми координацијата меѓу институциите и ќе се зајакнат контролите и механизмите на државата, истакна денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на конференцијата на тема „Заштита на објекти од пожар и претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“, што се одржува во Стопанската комора.
Целта на овој настан, како што рече, покрај запознавање со активностите и работата на техничкиот комитет при Институтот за стандардизација на Македонија е зголемување на свеста кај стручната и пошироката јавност за значењето на примената на стандардите и нивната улога во законските и подзаконските акти поврзани со заштита од пожар, како суштински сегмент во процес на проектирање и градење. Kurir
Во моментов Министерството за економија и труд и сите останати министерства и државни институции работат на промена на постојните нормативи во вид на закони и правилници за работа со кои ќе се воведат построги и повисоки стандарди за заштита и безбедност за сите физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност.
Ќе се зголеми координацијата меѓу институциите и ќе се зајакнат контролите и механизмите на државата, истакна денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на конференцијата на тема „Заштита на објекти од пожар и претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“, што се одржува во Стопанската комора. Sitel
Во моментов Министерството за економија и труд и сите останати министерства и државни институции работат на промена на постојните нормативи во вид на закони и правилници за работа со кои ќе се воведат построги и повисоки стандарди за заштита и безбедност за сите физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност. Republika
Изминативе неколку години сме сведоци на големи трагедии кои се предизвикани токму од недостиг на спроведување стандарди за безбедност и заштита од пожари.
Овие трагедии беа резултат на законски нормативи полни со недоречености, недостиг на контролни механизми за спроведување на постојните пропишани регулативи и стандарди за безбедност, лошата координираност на институциите, но и нискиот праг на стандарди за давање дозволи за работа во дејности или објекти, рече Ристески. Republika