На 24 јуни, кога се навршија точно 100 дена од трагедијата во Кочани, низ центарот на Скопје и пред клучни институции беа поставени 100 пораки на незадоволство – по една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош, велат од граѓанското движење „Кој е следен?“. „Акцијата беше гласен и видлив потсетник дека: родителите и преживеаните сè уште не добиле никаква поддршка; надлежните молчат и ги замолчуваат тие што преживеаја; обвиненијата селективно ги заобиколуваат најмоќните, блиски до власта; собранието гласаше против финансиска поддршка за семејствата на жртвите. 4news
Ветивме дека нема да заборавиме.
За разлика од системот кој направи сè за да нè дефокусира и дискредитира, велат од граѓанското движење „Кој е следен“, потсетувајќи на 100 дена од трагедијата во Кочани. Zoom