„Запознајте го Бујар Аземи, сопственикот на небезбедната зграда изградена без документација, без одобрение за градење, без проект, без платени комуналии, на 12 спрата и до сега пребројани 61 стан незаконски градени сега со обид да се легализираат прикажани лажно дека се градени во 2011 со документација фалсификувана од Висар Ганиу и Ејуп Адеми“ – напиша Арсовска.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, заедно со полициско обезбедување и околу 20 вработени од Градот, во моментов се наоѓа на терен во општина Чаир, на локацијата каде што, според неа, се гради објект без одобрение за градба, на државно земјиште и без проект за безбедност.
Данела Арсовска градоначалничката на Град Скопје на Фејсбук го објави со име и презиме сопственикот, на како што вели, небезбедната зграда изградена во Чаир, за која што таа објави вчера.