Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг, каде што се очекува да се донесе одлука за зголемување на трошоците за одбрана и безбедност на земјите-членки на Алијансата од сегашните два проценти на пет проценти од БДП.Зголемувањето би вклучувало зголемување од 3,5 проценти за одбраната и дополнителни 1,5 проценти за одржување на инфраструктурата поврзана со одбраната, како што се подобрувања на патиштата, мостовите, пристаништата и аеродромите, како и подготовка на цивилното население за соочување со идните конфликти, објави АП. Македонската делегација ја предводи претседателка Гордана Силјановска Давкова.
ТВ21 пристигна на големиот самит што ќе се одржи утре и задутре во Хаг, од каде директно ќе информираме за текот на настаните, клучните дискусии и учесниците.