Жалам што актуелната бугарска влада, а и бугарските европратеници, со своето дејствување, она што го гледаме во Брисел, влегуваат во рускиот наратив за дестабилизација на регионот.
Од Хаг, во изјава за „Канал 5“, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го коментираше однесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата и нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан.
На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од Министерството.