Министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ – друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинстер Некст – приватна високообразовна установа самостојна висока стручна школа, Александар Клашниновски, ќе потпишат меморандум за соработка со фокус на воведување вештачката интелигенција во средното образование.
По приклучувањето на Факултетот за информатика од Штип кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија, од денес соработници на Министерството за образование и наука во остварувањето на оваа цел се и приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација, кои работат под брендот Бреинстер.