На 9 јули Министерството за финансии соопшти дека 16. меѓународни финансиски институции и комерцијални банки се заинтересирани за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10. „На нашето барење одговорија 16. меѓународни финасиски институции и коменрцијални банки, меѓу кои, Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка, јапонската МУФГ, бротанската ‘Стандард чартерд‘, Банка на Америка, ‘Ерсте банк‘, ‘Сосиете женерал‘, Дојче банка, ЏП Морган, ‘Сити банк‘, ‘Уни кредит‘, Каргил и НЛБ и Рајфазен банка“, Како што информираат од ресорното министерство, содржината на документацијата што е доставена од меѓународните финасиски институции и комерцијални банки е со назнака доверлива (confidential). Оттаму минатиот месец испратија барање до 21 меѓународна финансиска институција и странски комерцијални банки за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга вдолж Коридорот 10. Рокот за доставување на понудите истече на 7 јули. 360stepeni