Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот договор.
Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.