Американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, иако европските лидери се обидуваат да манифестираат смиреност и подготвеност за разговори и компромиси за надминување на разликите. Sitel
Американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, иако европските лидери се обидуваат да манифестираат смиреност и подготвеност за разговори и компромиси за надминување на разликите.
Трамп во петокот од Белата куќа порача дека „апсолутно“ ќе воведе царини за увоз на европските производи на американскиот пазар, обвинувајќи ја Унијата за нефер трговски практики и за „ужасен“ третман на САД. Sitel
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс се закани со преиспитување на американската поддршка за Европа, доколку ЕК преземе санкции против „Икс“ и Маск, кој на претседателските избори во САД во ноември минатата година го поддржа Трамп и учествуваше во неговата кампања.
Дополнително, покрај најавите за царини за увозот на европскиот увоз и заканите за „контра-мерки“ во случај на санкционирање на американските ИТ гиганти, Белата куќа бара и ЕУ да купува повеќе енергенси со САД. Sitel