1 (38) ■ вести > свет ■ 04-Feb 18:05 -> 05-Feb 22:24
.
.
.
.

Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“

  • Реакции на политички лидери од Блискиот Исток за контроверзниот план на Трамп за Газа

  • Дел од печатот во светот за намерата на Трамп да го „преземат“ Појасот Газа

  • Фидан: Неприфатлив планот на Трамп за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги поддржи напорите за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во места каде што ќе можат да живеат без страв од насилство.

Политичките лидери од Блискиот Исток реагираат на предлогот на претседателот Доналд Трамп дека Соединетите Држави „ќе ја преземат“ Газа (веројатно со помош на американските трупи) додека Палестинците кои живеат таму треба да ја напуштат.

Претседателот Доналд Трамп сака САД да го преземат Појасот Газа и да го развијат економски.

Турскиот шеф на дипломатијата го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа и да ги преселат Палестинците во други земји.

2 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Feb 07:12 -> 05-Feb 22:48
.
.
.
.

Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог

  • Муртезани во ЕП: Поддршка за европската перспектива на земјава

  • МЕП Муртезани во ЕП на средби со европратениците Ројтен и Тонин

  • Муртезани и Кос разговарале за уставните измени

Утре Муртезани од Брисел патува за Атина на средба со претставници со грчките власти.

Силната поддршка од Европскиот парламент за европерспективата на Северна Македонија беше потврдена на денешните средби во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со европратениците Тајс Ројтен и Матеј Тонин, кои се известители на ЕП во сенка за земјава.

Министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен (С&Д) и Матеј Тонин (ЕПП), известители во сенка за Македонија.

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Брисел ја заокружи дводневната посета на ЕУ со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

3 (33) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Feb 15:32 -> 05-Feb 16:38
.
.
.
.

Предистражна постапка против вработени во МВР за злоупотреби при јавни набавки

  • Полициска акција се спроведува во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР

  • Полициска акција во зградата на МВР

  • ОЈО вели во акцијата на МВР извршени се претреси на 16 локации

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата.

Полициска акција се спроведува во моментов во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.

Од претпладнево во тек е полициска акција во зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во изјава за „360 степени“, од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата, соопштија од скопското обвинителство.

5 (59) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Feb 07:00 -> 05-Feb 10:37
.
.
.
.

153 години од раѓањето на Гоце Делчев – годинава без официјална бугарска делегација

  • Мицкоски: Делчев е наш великан кој е дел од македонскиот идентитет, неговото дело не смее никогаш да биде заборавено

  • Одбележана 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Идеалот на Гоце Делчев за светот да биде поле за културен натпревар меѓу народите да ни биде поттик на секое поколение и да создаваме услови за учество во тој благороден натпревар.

Премиерот Христијан Мицкоски на целата македонска јавност го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев.

Во земјава денеска се одбележаа 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, информираат од нејзиниот кабинет.

6 (32) ■ вести > свет ■ 04-Feb 19:33 -> 05-Feb 22:33
.
.
.
.

Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“

  • Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

  • Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина

  • Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија, имајќи предвид дека самиот си забрани да учествува во нив, се празни зборови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината речиси тригодишна војна со Русија, но нагласи дека САД и Европа исто така ќе мора да учествуваат во какви било разговори.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган нецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored) изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за вооружување.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сугерираше дека Соединетите Држави, доколку веќе не се подготвени да го поддржат членството на Украина во НАТО, би можеле да обезбедат алтернативна безбедносна гаранција во форма на нуклеарно оружје.

7 (23) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 05-Feb 11:04 -> 06-Feb 08:06
.
.
.
.

Пеце Мирчевски однесен во полициска станица

  • Обвинителство за претресот кај Пеце Мирчевски: Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје

  • Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом

Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски, е уапсен и однесен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Управата за финансиска полиција му отвори истрага за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор, пренесува Фокус.

Обвинителството потврди дека Управата за финансиска полиција, во координација со скопското обвинителство, во моментот врши претреси поврзани со поранешниот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски, како што веќе објави,,Фокус”.

Финансиската полиција утрово го привела екс директорот на СОЗР Пецо Мирчевски, дознава Press24 од свои извори.

8 (26) ■ вести > македонија ■ 04-Feb 10:13 -> 05-Feb 16:18
.
.
.
.

Марш во Неготино: Угостителите да се воздржат од музика овој викенд во чест на Фросина

  • 📷 ДРУГАРКИТЕ НА ФРОСИНА ОРГАНИЗИРАА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ Протест во сабота во Неготино против сообраќајното насилство

  • „Стоп за сообраќајното насилство“ – Протестен марш за правда за Фросина во сабота во Неготино

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи во сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот преку Фејсбук групата посветена на градот.

Протестен марш, насловен „Стоп за сообраќајното насилство“, е закажан за во сабота во Неготино, информираа вечерва организаторите на настанот, на Фејсбук група посветена на овој град.

Протестен марш за правда за 22-годишната Фросина Кулакова е најавен во сабота во Неготино.

13 (27) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Feb 06:00 -> 05-Feb 13:57
.
.
.
.

Нови земјотреси на Санторини – над 11 илјади жители и туристи го напуштија островот

  • За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени

  • Продолжуваат земјотресите во близина на Санторини - се проценува дека грчкиот остров го напуштиле над 5.000 лица

Нови земјотреси повторно го потресоа грчкиот остров во Егејското море, Санторини.

Земјотрес со јачина од пет степени беше регистриран кусо по 15 часот по локално време во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите три дена, а за девет часа биле регистрирани над 50 потреси, јави дописничката на МИА од Атина.

Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5,000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

62 (6) ■ бизнис > економија ■ 05-Feb 12:14 -> 05-Feb 12:56
.
.
.
.

Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети

  • НАФТАТА ЌЕ ОДИ НАГОРЕ, А ЗА ХРАНАТА ИМА УБАВИ ВЕСТИ, СЕ ОЧЕКУВА СМИРУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ - НБМ ја намали основната камата на 5,35 отсто

Каматната стапка на благајничките записи се намалува за 0,2 п.п., останатите каматни стапки се непроменети, одлучи Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на вчерашната седница на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Благо намалување на основната камата на Народната банка, за 0,2 проценти поени, со што таа сега е на нивото од 5,35 проценти.