Министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, денеска потпиша финансиски договори со Европската Унија во вредност од 80 милиони евра за повеќегодишни програми за заштита на животната средина, вработувања и социјална инклузија, пренесе агенцијата Мина.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, вчера официјално го потврди контроверзниот Договор за партнерство помеѓу Црна Гора и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во сферата на туризмот и имотите, соопштија црногорските медиуми.