Асоцијации на европските авиокомпании и на туристичкиот сектор се спротивставија на предлогот на Европската комисијата за зголемување на надоместокот за EТИАС системот од првично предложените седум на 20 евра.
Асоцијациите на европските авиокомпании и туристичкиот сектор жестоко реагираа на предлогот на Европската комисија за речиси тројно зголемување на надоместокот за новиот систем за овластување за патување – ЕТИАС (ETIAS). Според планот, таксата која првично требаше да изнесува 7 евра, сега се предлага да биде 20 евра, а системот треба да стартува во четвртиот квартал на 2026 година.