Меѓу министрите за одбрана на земјите членки на НАТО „речиси да постои консензус“ околу зголемувањето на трошоците за одбраната на ниво од пет проценти од БДП, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет по завршувањето на денешното заседание на Северноатлантскиот совет во Брисел. Frontline
Мислам дека вреди да се одвои еден момент за да се забележи историската природа на она што штотуку се случи, што сепак не е крајно решение, бидејќи се уште има уште многу да се направи, изјави Хегсет.
Тој, како што јави дописникот на МИА од Брисел, додаде дека верува оти НАТО за неколку недели ќе се обврзе на целта за зголемување на одбранбените трошоци на пет проценти од БДП, од кои 3,5 проценти за воени потреби и 1,5 отсто за инфраструктура и активности поврзани со одбраната. Kanal5